Темен режим Режим на светлина

Полскиот претседател Анджеј Дуда ќе биде одликуван со орденот „8 Септември“, Пендаровски ќе добие Орден на Белиот Орел

Претседателот Стево Пендаровски, на покана на претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, денес и утре ќе престојува во официјална посета на Полска.

Денес во Варшава, Пендаровски со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекан од претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, по што ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, а предвиден е и пленарен состанок на делегациите на Република Северна Македонија и Република Полска.

Пендаровски ќе оствари средба и со премиерот на Република Полска, Матеуж Моравјецки, а заедно со претседателот Дуда ќе присуствува и ќе се обрати на тркалезна маса со претставници на полските комори и бизниси, како и македонски претставници од бизнис секторот, настан во организација на Полската агенција за инвестиции и трговија и Кабинетот на полскиот претседател.

Во рамки на официјалната посета е предвидено претседателот Дуда да го одликува претседателот Пендаровски со највисокото полско одликување, Орден на Белиот Орел, додека претседателот Пендаровски ќе го одликува претседателот Дуда со Орден „8 Септември“, како симбол на партнерството и пријателството меѓу двете држави.

За време на посетата, претседателот Пендаровски ќе положи венец на Гробот на незнајниот војник. Во вторник, 25 октомври, претседателот Пендаровски ќе одржи предавање на Колеџот на Европа во кампусот Натолин, Варшава. Предвидено е Пендаровски да оствари и средба со истакнати македонисти и слависти во Полска.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Сончев ден со свежо утро, следува период на стабилно време

Сончево со мала облачност, температура до 28 степени

Следна објава

Пак Белград мисли за нас: Обезбеден гас од Србија за училиштата и болниците