Предлогот за разрешување на Коцевски утре на седница на Влада

Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски утре ќе биде разгледан на седница на Влада, по што ќе се достави до Советот на јавни обвинители.

-На утрешната владина седница ќе се разгледа мислењето доставено од Министерството за правда, по што согласно законските обврски, тоа ќе се достави до Советот на јавни обвинители. Како влада ќе продолжиме да преземаме активности кои се во насока на подобрување на функционирањето на правосудниот систем. Довербата на граѓаните е сериозно нарушена и затоа сме силно посветени конечно да владее правото и да имаме правна држава, информираат од прес-службата на Владата.

Министерството за правда подготви мислење за негово разрешување согласно законот, по завршената владина седница на 11 февруари. Владини претставници посочуваат дека довербата на граѓаните во правосудниот систем е нарушена и дека е потребно подобрување на функционирањето на правната држава.

Министерството за правда истакнува дека Коцевски постапувал во предмети каде постоеле сомневања за непристрасност и судир на интереси, кои требало да ги идентификува и да се изземе.

Владата ја изразува разочараноста од постапувањето надвор од законските надлежности, што довело до нарушена доверба и нефункционирање на правната држава. Коцевски беше избран пред една година, а Владата сака неговиот мандат да биде прекинат поради незаконско именување на вршител на должност на Вишото јавно обвинителство.

Коцевски ги демантира обвиненијата, тврдејќи дека постапувал согласно законот.

Претходна вестУгинаа две берберски овци во Скопје ЗОО
Следна вест60 отсто од граѓаните го поддржуваат процесот на зачленување на Македонија во ЕУ