60 отсто од граѓаните го поддржуваат процесот на зачленување на Македонија во ЕУ

Над 60 проценти од граѓаните на Македонија продолжуваат со подршката за пристап на земјата во ЕУ. На етнички план, Албанците без исклучок продолжуваат да го следат сонот за членство на земјата во ЕУ. Според податоците од истражувањето на Институтот за демократија, „Социетас цивилис“ и Фондацијата Конрад Аденауер, кај македонското население тој број е речиси половина.

-Политиката на проширување, се разбира, ќе биде отежната од околностите, но сепак ЕУ мора да даде одговори, да седне на маса како што тоа го прават Американците и Русите, особено сега кога треба да има разговори за каква било мировна спогодба за Украина, рече Даниел Браун, директор на канцеларијата, Конрад Аденауер Скопје.

Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Михалис Рокас, порача дека треба да се работи на забрзување на реформите и враќање на довербата во проширувањето.

-Зошто, од една страна, треба да помогнеме да се забрзаат потребните реформи, да ги спроведеме што е можно поскоро, за да можат граѓаните да видат кои се придобивките од реформите во реално време. А од друга страна од политички аспект, не само билатерално, туку мораме да се соочиме со сите големи предизвици, за тоа како Европа да не стави во позиција на обединета сила, рече Михалис Рокас, амбасадор на ЕУ во Скопје.

Во однос на политичките партии, поддржувачите на социјалдемократите и партиите од албанскиот блок, без исклучок, имаат речиси консензуално ниво на поддршка за ЕУ, но има и значителен пораст на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна вестПредлогот за разрешување на Коцевски утре на седница на Влада
Следна вестДимитриевски: Државниот грб ги задоволува сите потреби и ја отсликува реалноста на македонскиот народ и држава