Темно Режим Светло Режим

Предметот за пожарот во „Пулс” префрлен во надлежност на ОЈО Скопје

Јавното обвинителство на Македонија донесе Решение со кое го определи Основното јавно обвинителство Скопје за стварно и месно надлежно обвинителство во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс”.

– Одлуката е донесена имајќи го предвид Решението на Советот за казниви дела при Врховниот суд КР-35/25, со кое за стварно и месно надлежен суд за постапување по предметот го определи Основниот кривичен суд Скопје. Воедно, решението на Јавното обвинителство е донесено и заради обезбедување економичност и единственост на кривичниот прогон, со оглед на тоа што во истиот предмет за одредени осомничени се уште се води предистражна и истражна постапка и неопходно беше да се определи јавно обвинителство кое ќе постапува за овој кривично-правен настан – информираа од ОЈО.

Оттаму велат дека за решението е доставено известување до Основниот кривичен суд Скопје, а кочанското обвинителство е задолжено да ги предаде списите и доказите од овој предмет на Основното јавно обвинителство Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Божиновска: Двојно повисоки приходи од рударски концесии – 520 милиони денари за шест месеци

Следниот Пост

Само 37 отсто од потрошената се фактурира, апел до скопјани да штедат вода