Премиерот Христијан Мицкоски во дводневна посета на Обединетото Кралство

40

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски заедно со владина делегација ќе присуствува на Самитот за Западен Балкан, кој оваа година се одржува во Лондон, Велика Британија.

Како што соопштија од владината прес-служба, премиерот Мицкоски, заедно со вицепремиерот Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска, како и министерот за евроинтеграција Орхан Муртезани ќе учествуваат на голем број состаноци во состав на Берлинскиот процес.

-На маргините на самитот, а и во рамки на посетата на Обединетото Кралство, предвидени се голем број на билатерални средби на Претседателот на Владата, за што навремено ќе ја информираме јавноста, се наведува во соопштението.

При посетата на Обединетото Кралство, владината делегација ќе оствари повеќе економски работни средби кои ќе претставуваат економски исчекор за меѓусебната соработка, стои во соопштението.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестЦело Тетово нема вода, намерно пресечена главната водоводна линија
Следна вестНови избори за градоначалник ќе има во четири општини – Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа