Темен режим Режим на светлина

Премиерот Мицкоски во контакт со лидерот на ОАЕ по ескалацијата на Блискиот Исток

Премиерот Мицкоски во контакт со лидерот на ОАЕ по ескалацијата на Блискиот Исток Премиерот Мицкоски во контакт со лидерот на ОАЕ по ескалацијата на Блискиот Исток

Премиерот Христијан Мицкоски остварил телефонски разговор со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, во кој разговарале за актуелната безбедносна состојба и ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток.

Во разговорот, Мицкоски изразил искрена солидарност со народот на ОАЕ и упатил најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите од неодамнешните напади. Тој нагласил дека нападите врз суверени држави и заканите кон цивилното население претставуваат грубо нарушување на меѓународното право и сериозна закана за регионалната и глобалната стабилност.

Премиерот посочил дека Македонија, како членка на НАТО и стратешки партнер на САД, останува цврсто посветена на принципите на суверенитет и територијален интегритет, додавајќи дека во услови на зголемена неизвесност неопходни се координација со сојузниците, одговорност и заеднички напори за спречување понатамошна ескалација.

Воедно, Мицкоски информирал дека државните институции се целосно мобилизирани и внимателно ја следат состојбата, со подготвеност за навремена помош, поддршка и евентуална асистенција за македонските граѓани кои се наоѓаат во регионот доколку тоа биде потребно.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Со фалсификувана дозвола управувал полициски хеликоптер – кривична за главен пилот во МВР

Со фалсификувана дозвола управувал полициски хеликоптер – кривична за главен пилот во МВР

Следна објава
На максимална воздржаност и заштита на цивилите повикува ЕУ

На максимална воздржаност и заштита на цивилите повикува ЕУ