Утре на владина седница треба да помине Информацијата за минималната плата, која денеска беше на дневен ред на седницата на Економски-социјалниот совет. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски, кој истакна и дека минимална плата за март, која ќе се исплаќа од април ќе биде зголемена.
„Очекуваме да продолжи и да се интензивира бипартитниот дијалог помеѓу работодавачите и работниците. Ние како Влада секогаш стоиме на располагање да помогнеме во рамките на нашите можности и ингеренции. Се што е во рамките на институциите, институционален дијалог треба да се охрабри, затоа што само така може да се дојде до конструктивно решение.
А се што е надвор од рамките на институциите, мислам дека не само што не носи решенија, туку апсолутно ги поларизира нештата”, додаде Мицкоски.






