Темен режим Режим на светлина

Работниците со повисоки примања, минималната плата порасна за 1.667 денари

Работниците со повисоки примања, минималната плата порасна за 1.667 денари Работниците со повисоки примања, минималната плата порасна за 1.667 денари

Минималната плата во Македонија ќе се зголеми и ќе изнесува 26.046 денари во нето-износ, согласно законското усогласување што се спроведува секоја година во март.

Зголемувањето изнесува 1.667 денари повеќе од досегашниот минималец, а работниците повисоката плата ќе ја добијат со исплатата за март, односно во април. Усогласувањето се врши според формула утврдена во Законот за минимална плата, која ги зема предвид порастот на просечната плата и трошоците за живот во државата.

Според Министерството за економија и труд, станува збор за системско решение кое треба да обезбеди раст на платите во согласност со економските движења и заштита на животниот стандард на работниците.

Во бруто-износ минималната плата ќе достигне 38.507 денари, што претставува зголемување од 2.470 денари во однос на претходната година.

Од синдикалните организации, пак, има реакции дека покачувањето е недоволно, при што најавија продолжување на барањата за повисок минималец во наредниот период.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Спортска сала во ОУ “Панајот Гиновски” во Бутел по 70 години ќе добие реновирана

Спортска сала во ОУ "Панајот Гиновски" во Бутел по 70 години ќе добие реновирана

Следна објава
Од наредната недела аеродромци ќе возат по нова и безбедна улица „Фрањо Клуз“, најави Орце Ѓорѓиевски

Од наредната недела аеродромци ќе возат по нова и безбедна улица „Фрањо Клуз“, најави Орце Ѓорѓиевски