Темен режим Режим на светлина

Од наредната недела аеродромци ќе возат по нова и безбедна улица „Фрањо Клуз“, најави Орце Ѓорѓиевски

Од наредната недела аеродромци ќе возат по нова и безбедна улица „Фрањо Клуз“, најави Орце Ѓорѓиевски Од наредната недела аеродромци ќе возат по нова и безбедна улица „Фрањо Клуз“, најави Орце Ѓорѓиевски

Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека е во завршна фаза изградбата на улицата „Фрањо Клуз“ во Аеродром, која е една од најзначајните сообраќајници во овој дел од градот.
Тој наведе дека реконструкцијата опфаќа поставување нов тампон, двослоен асфалт, нови рабници, а во овој момент интензивно се асфалтираат тротоарите.

Притоа, нагласи дека во должина од еден километар се изведуваат нови тротоари, се поставува современо улично осветлување и се гради нова атмосферска канализација.
– Од наредната недела, жителите на Аеродром ќе возат по нова, современа и безбедна улица – најави Ѓорѓиевски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Работниците со повисоки примања, минималната плата порасна за 1.667 денари

Работниците со повисоки примања, минималната плата порасна за 1.667 денари

Следна објава
25-годишник и 18-годишник ограбиле жена среде улица во Аеродром

Полноќно пукање во Чаир, полицијата пронашла 8 чаури, нема повредени