Темен режим Режим на светлина

Преспа со историски најнизок водостој, што чекаат надлежните?

Езерото во Преспа со години се суши! Сега ситуацијата ептен е алармантна, бидејќи драматично е намален водостојот. Дури еден метар понизок од просекот во последните децении.

Многу конференции, тркалезни маси и најави слушавме од надлежните дека ќе се наоѓа спас за Езерото. Екологистите се загрижени, спасот споро доаѓа, а веќе неповратно се уништува уникатната флора и фауна на
езерото.

Се уништува дури и иднината на човечкиот фактор кој живее околу Езерото. Опустуваат околните населени места, се затвараат ресторани и хотели. А некогаш од таму доаѓаа милиони евра приходи.

Покрај надлежните служби, поконкретна реакција се очекува и од министерот Тимчо Муцински кој треба ова прашање да го отвори и затвори и со Грција и Албанија со кои делиме езерото.

Не треба да се чека само дождот да го решава проблемот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Ќе успее ли Владата да ги спречи вештачки качените цени?

Следна објава

Србија со помош на Русија ќе гради нуклеарка?