Темен режим Режим на светлина

Ќе успее ли Владата да ги спречи вештачки качените цени?

Цените на пазарите упорно растат. На пример, компирот е поскап за дури 70 отсто од лани. Слично е и со другите неопходни земјоделски производи

Зошто е така? Оправдано ли е цените волку да растат?

Според официјалната статистика трошоците што ги имале земјоделците во просек се пораснати за само 2 отсто. Па тогаш кој ги дува цените и врз основа на каква пресметка?

Разни експерти во последниов период главно проблемот го лоцираа во преголемите маржи на прекупците и трговците, кои во континуитет вештачки ја зголемуваат цената на храната.

За ова вчера реагираше и премиерот Христијан Мицкоски, кој истакна дека
Владата презела мерки за ограничување на трговските маржи.

„Преку Државниот пазарен инспекторат и Комисијата за заштита на конкуренцијата секојдневно вршиме инспекциски надзор и го следиме однесувањето на трговците. Како што сум информиран за дел од нив има одредени постапки и процедури пред институциите, изјави Мицкоски.

Граѓаните се веќе нетрперливи, тие сакаат сега кога е време на зимница да видат резултати од мерките на Владата, оти велат: дојде време ајвар и туршија да станат луксуз.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Орце Ѓорѓиевски: Урбаното планирање мора да обезбеди повеќе зелени зони и безбедни улици

Следна објава

Преспа со историски најнизок водостој, што чекаат надлежните?