Темно Режим Светло Режим

Орце Ѓорѓиевски: Урбаното планирање мора да обезбеди повеќе зелени зони и безбедни улици

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес присуствуваше на конференцијата посветена на одржливото урбано мобилно планирање, на покана на министерот за транспорт Александар Николоски. Настанот беше организиран во соработка со Светска банка и Министерството за транспорт, како дел од проектот за поврзување на локални патишта.

„Одржливата мобилност е патот по кој мора да одиме ако сакаме нашите деца да живеат во поздрава и поубава средина,“ истакна Ѓорѓиевски. Тој нагласи дека ваквите настани се од огромно значење бидејќи овозможуваат размена на искуства и добри практики од европските градови и регионот.

Проектот поддржан од Светска банка ќе овозможи развивање на планови за одржлива урбана мобилност, што подразбира подобра транспортна мрежа, поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот и повеќе простор за пешаци, велосипедисти и зелени зони.

„Убеден сум дека со заеднички ангажман на општините, Владата и меѓународните партнери ќе изградиме градови по мерка на човекот – почисти, поуредени и пофункционални,“ додаде Ѓорѓиевски, изразувајќи надеж дека конференцијата ќе прерасне во традиција и ќе биде поттик за нови успешни проекти во иднина.

Претходниот Пост
Коњановски: Првите 100 дена од новиот мандат се посветени на развој и грижа за граѓаните

Секој предлог од граѓаните е важен за подобра иднина на Битола, истакна Тони Коњановски

Следниот Пост

Ќе успее ли Владата да ги спречи вештачки качените цени?