Училишниот предметот – Историја, ќе биде минато во Македонија. Ќе се фузирал во нов поширок предмет кој ќе го учат основците. Така предлага министерката за образование МИла Царовска.
Имено, спојувањето на предметот историја во предметот општествени науки се прави како дел од новата коцепција на образованието која наликува на финскиот модел на образованието со македонски специфики со цел учениците да се научат да учат и размислуваат, а помалку да паметат факти, објасни на денешната прес-конференција Царовска.
Таа рече дека промените кои се прават во рамите на новиот концепт на образованието биле барани од професоерите, наставниците и самите ученици.
-Образованието мора да претрипи промени. Тоа го кажуваат и домашни и сите меѓународни тестирања, тоа го кажуваат и родителите, наставниците, учениците. Самите наставници ги предложија овие концептуални промени преку нивните искази. Ние направивме анализа и преку нивни искази ние стигнавме токму до концепција која и тие и родителите ја бараа. Сите родители се повикуваа на финскиот модел. Овој модел многу наликува на финскиот модел иако е македонски, со нашите специфики и капацитети и можности. Но, тоа е коцептот од преминување од фактичко кон размилување и кон училиште кое ќе не учи да учиме најзначајно. Новите генерации треба помалку да учат факти но многу повеќе да размислуваат и да анализираат различна литература и да донесуват одлуки врз анализите кои што самостојно ги направиле, потенцира Царовска.
На прашањето дали беше потребно токму историјата да се интегрира во еден предмет во чуствителен момент кога Бугарија бара бришење на некои работи од нашите учебници, Царовска одговори дека „ингтеграцијата на природини и општествени науки што се случува насекаде во светот“.
-И предметот биологија и предметот хемија се интегрираат во исто време кога се отвора дискусијата со бугарската страна. Прави ли тоа некаква разлика?, потенцира Царовска.
Инаку, околу укинувањето на предметот Историја денеска имаше бројни реакции на социјалните мрежи. Граѓаните негодуваат. Професорката Симона Груевска-Маџоска од Институтот за македонски јазик оваа промена ја оцени како „скандалозна“.
– Скандалозна реформа на основното образование! Комплетно згрешена концепција и експериментирање со учениците! Укинат предметот историја и ставен во групен предмет Општествени науки! Е па „браво”! Што да кажам друго!, вели во својата објава на Твитер професорката Груевска-Маџоска.