Приведен дилер на Бит Пазар, во својот дом си засадил канабис

Полицијата приведе едно лице на подрачјето на Бит Пазар во Скопје. При претрес во неговиот дом била пронајдена марихуана.

– На 15.03.2023 во 13.45 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Р.(24) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Бит Пазар, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и засадено растение канабис, информираат од МВР.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестСАД се закануваат дека ќе го забранат ТикТок доколку кинеските сопственици не го продадат својот удел
Следна вестКашкавалите поевтини и за 70 денари, сирењата до 67, јогуртот за 8 денари, некои производи ги снема…