Темен режим Режим на светлина

Приведен e бегалец од затворот Идризово

МВР информира дека вчера попладне во 15.00 часот на ул. „Тодор Циповски Мерџан” во Тетово, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Ј.(35) од тетовско Горно Палчиште.

Тој бил баран по потерница врз основа наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот.

Тој имал за доиздржување една година и четири месеци од казната за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

По целосно документирање на случајот, Б.Ј. ќе биде спроведен во КПУ Затвор Идризово.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Силно невреме ја погоди Австралија, има загинати, училиштата затворени

Следна објава

За 10 години бројот на ученици во основните и во средните училишта е намален за 27 илјади