Темно Режим Светло Режим

Проекција на „Иднината започнува денес“ вечерва во МНТ

Вечерва на големата сцена на Македонскиот народен театар, со почеток во 19 часот ќе се прикаже документарниот филм „Иднината започнува денес“.

Филмот е практично најава за театраскиот фестивал во Бутрини, Албанија што ќе се случи во јуни следната година, а содржински претставува ретроспектива на седумнаесетте претходни изминати изданија, почнувајќи од 2003 година. Сместен во јужна Албанија недалеку од Саранда, Бутринти зрачи со медитеранска убавина – мешавина на археологија, култура, архитектура и природа.

-Поради кризата предизвикана од пандемијата на корона вирусот, оваа година фестивалот беше откажан, а селектираната програма, помеѓу која е и театарската претстава ‘Отело’ во копродукција на Перипетија Продукција, МНТ и БНП, е префрлена за следната година. Преку прикажување на филмот за богатата фестивалска долгогодишна историја во Скопје, Белград, Тирана и Ѓаково, но и преку истакнување дека театарските професионалци се стремат кон нова посветла иднина која започнува ‘денес’ симболично се означува дека и покрај сите препреки театарот повторно како феникс ќе се издигне од пепелта, вели режисерката Нина Николиќ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Свадби надвор ама кластери дома- критика и внимателност за Бајрам и Богдановиќ за неносење маски

Следниот Пост

Сончево со слаб ветер