Во Скопје времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен до повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 8 степени.
На останатото подрачје во Македонија времето денеска ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во позападните делови. Утрово е ветровито и студено со умерен до повремено засилен северен ветер најизразен во Повардарието. Во крајните источни делови ќе има услови за појава на краткотарен дожд, на планините во овие делови на слаб снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.
Најстудено во Македонија изминатата ноќ и изутринава било во Лазарополе каде се измерени – 3 степени, во Крушево и Маврови Анови се измерени – 1, во Дебар 1, во Берово, Куманово, Охрид и Претор 2, во Крива Паланка, Прилеп, Скопје – Зајчев Рид 3, во Тетово, Битола и Штип 4 степени, во Скопје – Петровец и Струмица 5, во Дојран и Демир Капија се измерени 7 степени и во Гевгелија 8 степени.