Темен режим Режим на светлина

Променливо облачно со слаб ветер

Времето денес: Облачно со дожд и снег на повисоките места Времето денес: Облачно со дожд и снег на повисоките места
Денеска наутро со услови за слаба магла по одделни котлини. Преку денот ќе биде променливо облачно со слаб ветер од северозападен правец.

Попладне облачноста ќе се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Следува период на променливо облачно време, повремено со услови за појава на утринска магла по котлините.

Во сабота ќе има слаб локален дожд, а на повисоките места и на планините слаб снег.

Во недела ќе има повеќе сончеви периоди, а од почетокот на следната седмица ќе дува умерен до засилен јужен ветер и ќе има повремени врнежи од дожд.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Здруженија за заштита на животните на собир пред Влада: Ајде да пробаме по наше!

Следна објава

Филмско бегство на затвореник од Идризово, застрелан и затворски полицаец