Темен режим Режим на светлина

Прва Скопска ТВ: Во иднина ќе се модернизирала Железничката станица, а сега барем малку ќе се призакрпи и исчисти ли?

Kај Железничката станица во Скопје граѓани предупредуваат за сомнително лице што вознемирува жени Kај Железничката станица во Скопје граѓани предупредуваат за сомнително лице што вознемирува жени

Добро е што властите најавија дека прават проект со кој се предвидува Железничката станица да добие изглед на модерна железничка станица. Проектот ќе бил готов за година и пол до две, истакна деновиве директорот на ЈП Железници инфраструктура.

А до тогаш ќе се среди ли малку барем внатрешноста на станицата? Од многу места капе, па дури и тече вода во ходниците, кај билетарите. Голем дел од плафонот е паднат, ескалаторите изгледаат страшно. Има и многу простор кој плаче за интервентно чистење.

Не е можно на странците и домашните патници кои сега ќе бидат на станицата да им кажеме – сега е лошо, ама за две години многу убаво ќе биде. Мора нешто сега да се призакрпи, среди и исчисти.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Прскалките што ги користел ДНК претходно запалиле завеса и звучници во Гевгелија, кажа сведок на продолжението на судењето

Лица кои биле во „Пулс“, а немале повреди, неколку месеци по трагедијата, пријавиле проблеми со дишење и други здравствени проблеми

Следна објава

Се асфалтираат улици во Визбегово