Во Русија е разбиена криминална група која контролирала мрежа на печатници за производство на фалсификувани пасоши и други документи, а во текот на полициската акција се уапсени 14 лица, соопшти руското Министерство за внатрешни работи.
Во полициската акција биле запленети повеќе од 50.000 фалсификувани документи, а проценката е дека од оваа нелегална активност, печатниците оствариле приход од речиси 28 милиони евра.
Осомничените изработувале и продавале фалсификувани пасоши, дипломи, лекарски уверенија и други документи со акредитиви на владини агенции, користејќи официјални меморандуми, а клиентите ги наоѓале преку огласи на социјалните мрежи и веб-сајтови.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




