Темен режим Режим на светлина

Ресторан на забранета локација, кривична пријава за екс-градоначалникот на Пробиштип

Скопјанка била физички нападната од нејзиниот девер во семејниот дом Скопјанка била физички нападната од нејзиниот девер во семејниот дом

Поранешен градоначалник на Пробиштип и двајца вработени во општината се соочуваат со кривична пријава поради сомнение за несовесно работење во службата.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднела пријава против три лица на возраст од 61, 53 и 44 години, поврзана со издавање одобрение за градење угостителски објект – ресторан, во текот на 2023 година.

Истражувањето покажува дека двајцата вработени во Одделението за урбанизам во Општина Пробиштип не го одбиле барањето, и покрај негативното мислење од Електродистрибуција ДООЕЛ – КЕЦ Кочани. Во мислењето било наведено дека објектот не може да се приклучи на електродистрибутивната мрежа, бидејќи се наоѓа во близина на постоечки електроенергетски објект, што е спротивно на Законот за енергетика.

Сепак, одобрението за градење било потпишано од тогашниот градоначалник, овозможувајќи на инвеститорите да изградат ресторан на парцели кои не се наменети за таква градба.

Полицијата соопшти дека со овие постапки биле прекршени законските прописи, а по целосното документирање на случајот, кривичната пријава е доставена до надлежното обвинителство.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
МВР ја расчистува нелегалната трговија со марихуана

Кај тројца млади прилепчани пронајдени автомати, пиштоли, кокаин и амфетамини

Следна објава

Невзат Бејта го отвори изборниот штаб во Гостивар: Градот ќе се води чесно и транспарентно