Синоќа во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ беше отворена ретроспективна изложба на слики од уметницата Ита ТС Арт, со која таа го одбележува својот 35-годишен уметнички опус.
На изложбата се претставени 30 дела работени во различни периоди од нејзиното творештво, изведени во техники акрил на платно и на картон, со разновидни мотиви што ја прикажуваат визуелната еволуција на авторката низ годините.
– Сакам на прилепската публика да ѝ го пренесам делото што сум го создавала низ годините. Мотивациите и техниките се различни, но во сите стои мојата врска со бојата и со форма, вели Ита ТС Арт, која истакна дека е особено среќна што го одбележува својот јубилеј токму во родниот град.
Ита ТС Арт живее и твори во САД, и досега има реализирано изложби не само во Македонија, туку и во Соединетите Американски Држави и низ Европа, со што дополнително ја афирмира македонската уметничка сцена на меѓународно ниво






