Темен режим Режим на светлина

РКЕ тврди дека парното нема да поскапе

Првиот човек на Регулаторна комисија Марко Бислимовски тврди дека да има ценовни шокови кај парното.

Откако лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски алармираше дека цената ќе расте и гас има до крајот на годинава, Бислимовски вели дека имале состанок, но со ТЕТО, а не со БЕГ и за вакво нешто не станувало збор.

Бислимовски вели дека е свесен оти цената на гасот на берзите расте, но уверува дека нема да се дозволи граѓаните да го почуствуваат тоа и апелира да се престане со шпекулации во јавноста за скок на цените.

-Некој по 1 јануари ќе мора да и се извини на јавноста, рече Бислимовски ја изјавата на Мицкоски дека ќе дојде до зголемување на цената за два ипол пати.

И да се дојде до ситуација да расте цената, најави дека ќе се разгледаат сите опции и не ја исклучува можноста и од целосно бришење на ДДВ за топлинска енергија.

И од Владата велат дека ја следат состојбата на меѓународните пазари. Ако има потреба ќе се носат мерки, но не прецизираат дали ќе се зголеми и сумата за помош  во енергетиката. Во моментов таа изнесува 65 милиони евра и според енергетичарите оваа сума е мала, со оглед на тоа што за набавка на струја за само неколку дена потрошени се над 10 милиони евра.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Миле Јанакиески веќе не е во притвор - судот му одреди мерки на претпазливост

Следна објава

17 починати за 24 часа и уште 6 од претходно - нови заразени се 493