Темен режим Режим на светлина

Русија го ослободи командантот на Азов Прокопенко, а Украина прорускиот политичар Медведчук

Со посредство на Саудиска арабија Русија и Украина извршија досега најголема размена на воени заробеници. Претседателот Володимир Зеленски потврди дека се ослободени 225 украински и странски државјани, од кои многумина се војници и офицери кои се соочувале со смртна казна на окупираните територии. Меѓу нив се и заповедникот на Азов, Денис Прокопенко и неговиот заменик Свјатослав Паламар, кои комуницираа со светот за време на опсадата на челичарницата „Азовстал“. Над 2.000 негови припадници се предадоа по завршувањето на борбите во Мариупол во средина на мај.

Во замена, Русија доби 55 војници и прорускиот украински политичар и олигарх Виктор Медведчук, близок соработник на Путин, кого Киев го обвини за предавство. Украинските власти кажаа дека 200 Украинци биле разменети за 68-годишниот Медведчук, кој беше уапсен во април откако избега од куќен притвор.

Во Ријад синоќа пристигнаа десеттемина ослободени странци кои се бореле на страната на Украина, од кои петмина Британци и двајца Американци.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Десет возачи зборувале на мобилен телефон, петмина поминале на црвено..., нема крај на прекршоците

Следна објава
ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

ВМРО-ДПМНЕ: Власта троши буџетски пари за морски плодови среде криза