Темен режим Режим на светлина

Само 10 отсто од жителите на Србија поддржуваат членство на својата држава во НАТО

Во соседна Србија само 10 отсто од граѓани го поддржуваат членството на својата држава во НАТО, додека 79 проценти се против тоа. 11 проценти се уште не одлучиле кој е нивниот избор. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на Институтот за европски прашања „Од бомбардирање до соработка: Србија и НАТО 22 години подоцна”.

Една петтина од анкетираните би прифатиле извинување за нападот, два проценти помалку отколку во претходното истражување. Според истражувањето мнозинството Срби веруваат дека нема да има корист од членство во Алијансата.
Испитаниците ги обвинуват САД за бомбардирањето, Западот како и Слободан Милошевиќ. Се уште не знаат колку луѓе биле убиени тогаш.

Кога станува збор за поддршка на соработката меѓу Србија и НАТО, 59 проценти од испитаниците се против, додека 28 отсто се за, што е за четири проценти помалку од претходно, а 13 проценти се неодлучни.

Анкетата е спроведена од 9 до 3 март при што се испитани 1.202 луѓе.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Нуркачи и еколози ги чистеа кањонот и езерото Матка од отпад

Следна објава

Нема крај: Уште 25 починати лица од ковид, меѓу нив и едно на 29 години