„Сега партнерите на Мицкоски добиваат ‘директен линк’ за своите семејни фирми во Развојната банка“, изјави Јон Фрчкоски од СДСМ на денешната на прес-конференција.
За него ова е „ова е класичен конфликт на интерес“ и нагласи дека „во исто време Димовски имаат семејни фирми“, посочувајќи дека „Ефимија е сопственик на ‘Херба Натура’ и дел од управувачката структура на енергетскиот субјект ‘ХН Соларис’“.
Поставувањето на Димовска на чело на Развојната банка значи директно влијание врз „кредитни линии и финансирање на енергетски проекти“, што отвора сериозен ризик од судир на јавниот и приватниот интерес.
„СДСМ бара итно повлекување на Ефимија Димовска од функцијата и соодветна реакција на ДКСК и останатите надлежни институции.“ рече Фрчкоски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:






