Темен режим Режим на светлина

СДСМ: Мицкоски прифати уставни измени и сега дијалогот треба да продолжи

СДСМ: Мицкоски по примерот на Вучиќ одлучи апсолутистички да владее со Партијата СДСМ: Мицкоски по примерот на Вучиќ одлучи апсолутистички да владее со Партијата

Мицкоски јавно, на прес конференција, пред целата македонска јавност, прифати уставни измени. Прифаќањето на уставните измени и промената на ставот на ДПМНЕ се добра основа, а сите барања на најголемата опозициска партија беа прифатени, соопшти денеска СДСМ.

Владеачаката партија наведува дека сега дијалогот треба да продолжи.

-Сега може да се разговара како заеднички да се изведат уставните измени, неопходни за продолжување на европскиот пат. Потребно е широко обединување за интеграција на државата. Членството во ЕУ е стратешка цел на државата, врвен приоритет на генерации македонски граѓани и оттаму, обврска на сите политички субјекти е да се реализира таа национална и стратешка цел. Оваа одлука не е заради моментален полиитчки рејтинг, не е заради една партија или група поединци, туку е одлука за сите граѓани, кои заслужуваат да живеат во држава членка на ЕУ, се додава во соопштението на СДСМ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Топол прием на грчката публика за Симон Трпчевски на концертот во Солун

Следна објава

Зоран Кастратовиќ е нов селектор на Саудиска Арабија