Темен режим Режим на светлина

СДСМ Струмица: Започнавме од денес, продолжуваме до последен ден, заедно

ОО СДСМ Струмица преку социјалните мрежи извести за прв состанок со кандидатот за градоначалник Марјан Даскаловски со своите сопартијци.

Вечерва во победничка атмосфера претседателот на ОО СДСМ Струмица, а воедно и кандидатот за градоначалник на Општина Струмица Марјан Даскаловски се обрати кон раководството на партијата, советничката група, претседателите на месните одбори и координатори, како и поранешни функционери кои имаат партиципирано низ годините наназад во сите изборни циклуси.

Идејата и целта се едни, а тоа е голема победа на локалните избори, а претходно посета на секој еден граѓанин, собирање информации, подавање рака.

Енергијата на сплотеност и желба за секој еден член биде активиран во изборниот циклус дава огромен ветер во грб за она што следува.

Започнавме од денес, продолжуваме до последен ден, заедно.

Да живее Струмица, стои во објавата на партијата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Хеликоптерот на МВР исфрли повеќе од 30 тони вода во реонот на Дојран

Следна објава
Сончев ден со свежо утро, следува период на стабилно време

Времето денеска сончево и топло, попладне се очекува дожд