Темен режим Режим на светлина

Секој час нова оставка: Сега и директорот на „Дрисла“ има забелешки на работењето на градоначалничката Арсовска

Првенствена задача за еден градоначалник не смее да биде личната пресметка и хајка кон поединци туку посветување на приоритетите и проектите за кои досега „ЈП „Дрисла“ немало никаква поддршка од град Скопје, напиша во својата денешна оставка директорот на ова градско претпријатие Јане Мицевски. Неговата оставка се надоврза на денешната оставка на Бојан Христовски, в.д. директор на ЈП „Градски паркинг“ кои се случија откако скопската градоначалничка во петок ги разреши секретарот на Градот Скопје Ѓоко Велковски и директорот на ЈП „Водовод и каналицација“ Златко Перински кои се именувани по предлог на ВМРО-ДПМНЕ.

Во својот допис Мицевски наведе дека отпочнал со процес на инвестиции кои се во насока на подобрување на работата, но…

 Морам да го истакнам немањето на координација и достапност со градоначалничката Арсовска и покрај бројните мои обиди тоа да биде сменето. Во такви едни услови сметам дека првенствена задача за еден градоначалник не смее да биде личната пресметка и хајка кон поединци, каква што видовме вчера, туку посветување на приоритетите и проектите кои се основна задача. Дополнително,  „Дрисла се соочува со сериозен проблем поради сметките за струја кои се сериозен удар на претпријатието, а за жал до сега претпријатието нема никаква поддршка од Градот Скопје. Поради сето ова јас денес си поднесувам неотповиклива оставка од местото прв човек на Дрисла“, потенцира Мицевски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Ковачевски-Мицотакис: Работиме на енергетска независност

Следна објава

Арсовска: Им дадов понуда на директорите што сега поднесоа оставки