Темен режим Режим на светлина

Селтик заинтересиран за македонскиот репрезентативец Миовски

Шкотскиот фудбалски гигант Селтик Глазгов се подготвува за трансфер на ѕвездата на Абердин, македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски (24), објавија медиумите од оваа земја. Проценките се дека Абердин од Селтик би барал најмалку 4,4 милиони фунти (5,14 милиони евра) за Миовски, колку што добија за Скот Браун во 2007 година, што е рекорд кога станува збор за зделки меѓу двата клуба.

Шкотскиот „Сан“ пишува дека претставници на шкотскиот шампион редовно ги следат настапите на Миовски на домашните натпревари сезонава. Во истиот текст се наведува оти и Ренџерс внимателно ги следи игрите на Миовски, но и се додава дека веројатно немаат доволно финансии за да се натпреваруваат со Селтик.

Од друга страна пак Абердин не сака да го загуби Миовски во зимскиот преоден рок. Сезонава тој е во одлична форма, како на домашната, така и на европската сцена постигнувајќи 11 гола во сите натпреварувања.

– Ние не сме под притисок да продаваме. Тоа важи за нашите најдобри играчи, особено за оние со подолгорочни договори, изјави пред неколку месеци главниот извршен директор на Абердин, Алан Бароус.

Брендан Роџерс, менаџерот на Селтик, зимава би можел да остане без услугите на Дајзен Маеда, Кјого Фурухаши и на Ох Хјеон-гју за време на одигрувањето на Купот на Азија во јануари и во февруари, доколку бидат повикани во селекциите на Јапонија и на Кореја.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Иран испрати капсула со животни во вселената

Следна објава

Денеска почнува досега најмасовниот „Опен Скопје“