Темен режим Режим на светлина

Шпанската полиција разби неонацистичка ќелија: Запленето оружје и тактичка опрема

Шпанската полиција соопшти дека ја разбила првата позната ќелија во земјата поврзана со американската неонацистичка организација „База“, која Европската Унија ја класифицира како терористичка група. Уапсени се три лица, а едно лице, осомничено како лидер на ќелијата, е задржано во притвор во покраината Кастељон.

За време на полициската акција биле запленети оружје и муниција, повеќе од 20 ножеви, тактичка опрема и материјали со неонацистичка содржина.

Во извештајот се наведува дека во Шпанија расте влијанието на екстремната десница, а анкетите покажуваат зголемена поддршка меѓу младите кон националистички групи.

„База“, неонацистичка организација основана во САД во 2018 година од Риналдо Назаро, промовира идеологија на „акцелерационизам“, чија цел е поттикнување колапс на демократските институции преку насилни напади.

Според полицијата, лидерот на шпанската ќелија бил во директен контакт со основачот Назаро, кој пред еден месец повикал на консолидација на групите активни во повеќе земји. Осомничените, како што додаваат од полицијата, биле длабоко радикализирани, спроведувале паравоени обуки, покажале подготвеност за извршување селективни напади и користеле социјални мрежи за регрутирање нови симпатизери.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Во Карпош не се најдени патогени бактерии, освен во „Димо Хаџи Димов“

Следна објава
Скопјанка била физички нападната од нејзиниот девер во семејниот дом

Скопски тинејџер фатен со пиштол и муниција без дозвола