Министерот за надворешни работи Бујар Осани денеска откри дека постпо неаков документ кој како што рече може да биде основа за договор со Бугарија, но јавноста нема да го види се додека не бииде одобрен од Бугарија.
-Да, има еден таков документ којшто ние сме спремни да го прифатиме, меѓутоа сè додека не добиеме одговор дека е прифатлив и за Република Бугарија сметам дека не се созреани тие предуслови за да можам јас да ги информирам пратениците и јавноста, бидејќи тој може да биде одбиен и тогаш сето тоа би било непотребно, истакна Османи, одговарајќи на новинарско прашање дали е можен договор со Бугарија.
Прашан дали „кочницата“ за решение се коалициските партнери на бугарскиот премиер Петков, Османи рече дека не е во ред да ги коментира внатрешните случувања во Бугарија.
-Знам дека тие планираат решението да го поминат и во нивното собрание. За да се помине во собранието, се разбира дека сите коалициски партнери треба да го поддржат тоа решение. Ако тоа значи нешто, но не мислам дека е во ред јас да ги коментирам односите во Бугарија. Се надевам дека во ова време е потребно стратешко лидерство. Време е за стратешки одлуки во ЕУ, во регионот, изјави Османи.




