Темен режим Режим на светлина

Што содржи планот од 15 точки што САД до испратил до Иран?

Иран постави услови за прекин на војната, еден од нив е САД да му исплати репарации Иран постави услови за прекин на војната, еден од нив е САД да му исплати репарации

Израелски медиуми информираат дека САД со помош на пакистански дипломати до Иран испратил план од 15 точки за завршување на војната со Иран. Медиумите коментираат дека планот е структуриран слично на оние што САД ги применувале во Газа и Либан и дека не е јасно дали за ова дал согласност и Израел.

Според медиумите планот ги содржи следниве точки:
– Иран би ги демонтирал своите нуклеарни капацитети;
– Иран би се обврзал дека нема да развива нуклеарно оружје;
– Иран повеќе не би збогатувал нуклеарен материјал;
– Вкупниот досега збогатен нуклерарен материјал би бил предаден според распоред што би го одредиле САД, Израел и Иран;
– Нуклеарните постројки во Натанз, Исфахан и Фордоу би биле затворени;
– Меѓународната агенција за атомска енергија би добила пристап до сите информации за иранската програма;
– Иран би се откажал од делување преку посреднички групи;
– Иран би престанал да ги финансира и вооружува таквите групи во регионот;
– Ормускиот теснец би останал отворен како слободна поморска зона;
– Иран би го ограничил бројот и дострелот на своите ракети;
– Понатамошната употреба на ракети би била дозволена исклучиво за самоодбрана;
– Сите санкции кон Иран би биле укинати;
– Иран би добил помош за развој на цивилна нуклеарна програма во Бушер;
– Би се укинала заканата од повторно воведување санкции;
– САД и Израел би му помогнале на Иран во развојот на цивилната нуклеарна програма во Бушер за производство на електрична енергија.

Во меѓувреме повеќе светски државници повикуваат на што побрзо мирно решавање на воениот конфликт на Блискиот Исто, кој започна на 28 февруари со нападот на САД и Израел врз Иран.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
(Видео) Сте слушнале ли дека?

(Видео) Сте слушнале ли дека? – Епизода 32

Следна објава
Скопје не може да биде чист град ако секој си го прави „мини депонија” пред својот двор или зграда

Скопје не може да биде чист град ако секој си го прави „мини депонија" пред својот двор или зграда