Темен режим Режим на светлина

Сиљановска Давкова да не го потпише указот, да не дозволи хаосот да стане уште похаотичен, бараат 20 граѓански организации

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова да не го потпише указот на Законот за урбанистичко планирање, барање е кое денеска го изнесоа претставници на околу 20 граѓански организации. Тие и порачуваат на Владата дека во процесите на донесување одлуки секогаш треба да ја вклучува и јавноста што е основен елемент на демократско општество.

-Не ја разбравме логиката – зошто итно се носат овие измени по скратена постапка кога веќе се работи на ново законско решение. Нашата порака е насочена кон претседателката бидејќи сега указот за законот е кај неа. Ние сите заедно, повеќе од дваесет здруженија, баравме претседателката да не го потпише указот и да го врати законот назад бидејќи има навистина многу силни аргументи – зошто тој закон треба да се дебатира и зошто не треба да се носи по скратена постапка, Ана Чоловиќ-Лешоска од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко свест“.

Дарко Арсовски-Петровски од здружението „Гоу грин“ рече дека во комуникација со млади луѓе, тие најчесто им кажуваат дека им пречи хаосот во кој секојдневно живеат. Затоа ја повика претседателката Сиљановска-Давкова, како што рече, како мајка на своите деца и мајка на нацијата да не го потпишува указот.

-Сè е хаос, младите немаат како да стигнат до своите училишта, немаат каде да си играат. Со ова решение не се прави решение на хаосот. Ако во моментот целиот наш урбанистички простор е еден голем чвор, се додава уште едно плус помало чворче кое, наместо да се расплетка, прави уште поголем проблем. Како што децата на училиште имаат испити, ова е првиот испит за претседателката да не го потпише овој указ. Да не дозволи хаосот да стане уште похаотичен, рече Арсовски-Петровски.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Левица задоволна што е прифатен нивниот предлог закон за вработување во јавните здравствени установи

„Левица“:Ангелов снима очајни видеа за беден ,,ПР” како суперхерој што гаси пожар со гранки

Следна објава
Ивица Дачиќ повеќе нема помош од респиратор

Дачиќ: Бегството на терористот Рамадани е скандалозно, бараме објаснување