Темен режим Режим на светлина

Симболот на Прилеп не смее да згасне – Oпштинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со реакција за состојбата со ФК Победа

Симболот на Прилеп не смее да згасне – Oпштинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со реакција за состојбата со ФК Победа Симболот на Прилеп не смее да згасне – Oпштинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со реакција за состојбата со ФК Победа

Општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираше за состојбата со ФК Победа, симболот на Прилеп. Според партијата, досегашното управување со клубот од страна на лица назначени од СДСМ било ризично и нетранспарентно, а резултатите денес се видливи – финансиски хаос и кадровски распад.

„Во време кога локалната власт беше предводена од СДСМ, во 2019 година се ветуваше стабилизација и развој на Победа. Денес гледаме што остана од тие ветувања“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Одтаму прашуваат зошто управувањето со ФК Победа било препуштено на некомпетентни лица и кој ги гарантирал нивните постапки. Исто така, се посочува дека одредени советници кои денес се глуми загрижени, во минатото имале судски побарувања поврзани со клубот.

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп нагласува дека тврдењата дека Општината не се грижи за Победа се невистинити. Според официјалните податоци, од 2018 година Општина Прилеп инвестирала во клубот:

4.400.000 денари за струја

8.800.000 денари за вода и поправки

над 12.000.000 денари преку јавни повици, покрај редовното одржување на стадионот и инфраструктурата

„Општината не ја оставила Победа. Некој друг ја доведе во оваа состојба. Доста е од манипулации и ситни политички поени на грбот на клубот. Победа е вечна и нема да згасне“, порачаа од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата најавува дека има јасен план за стабилизација на клубот и враќање на врвот на македонскиот фудбал, со цел секој што направил финансиски пропусти или злоупотреби да одговара.

„Политиката е минлива, Победа е вечна. Сега е време за заедништво, поддршка и доверба“, се наведува во соопштението.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ЈКП „Комуналец“ – Прилеп со бесплатна акција за подигање габаритен отпад

ЈКП „Комуналец“ - Прилеп со бесплатна акција за подигање габаритен отпад

Следна објава
Нови 1.113 случаи на грип минатата недела, за 3,2 отсто помалку во споредба со претходната

Нови 1.113 случаи на грип минатата недела, за 3,2 отсто помалку во споредба со претходната