Моника Ганди, инфектолог од Универзитетот во Калифорнија во Сан Франциско, на својот Твитер – профил објави табела со приказ на резултатите од клиничките испитувања на шесте најпознати вакцини против ковид-19 – „Модерна“, „Фајзер“, „Астра Зенека“, „Џонсон и Џонсон“, „НоваВакс“ и руската „Спутник В“.
Кај вакцините е испитуван механизмот на дејство на секоја вакцина, добиената доза, бројот на лица тестирани за време на клиничките испитувања, ефикасноста на заштитата од хоспитализација и смрт и заштитата од тешка болест (која не бара хоспитализација), како и ефикасноста против полесни болести.
Најважна во табелата е колоната број 6 (обележана со жолто), кој според д-р Ганди покажува дека сите шест вакцини обезбедуваат 100% заштита од хоспитализација, односно смрт.