Темен режим Режим на светлина

Скопска Зоолошка градина со светски феномен: За првпат добиени шест пара близначиња лемури

Редок феномен на добивање на шест пара близначиња на лемурите објави денеска Зоолошка градина – Скопје. Во објавата на нивната страница на социјална мрежа Фејсбук се наведува дека годинава имале најмногу подмладоци кај овие животни.

– Во Скопје ЗОО годинава имаме најмногу подмладоци, а особено е интересен податокот дека за првпат добивме шест пара близначиња, што е светски феномен. Лемурите се еден од најзагрозените видови на светот, а Скопје ЗОО придонесува за зголемување на бројот на овие единки чии природни живеалишта се повеќе се намалуваат. Да ни се живи и здрави малечките, се наведува во објавата.

Во неа се потсетува и на тоа дека денеска се прославува Интернационалниот светски ден на јогата, а лемурите се сметаат за основоположници на оваа дисциплина.

-Во светот дури постои и се практикува Лемога- јога со лемури. Овие прекрасни животни од Мадагаскар, секое утро, во јога поза седат свртени кон сонцето, наведуваат од Скопската Зоолошка градина.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Левица: Постои обид да се удави македонската историја во влажните депоа на државниот архив

Следна објава

Девојка пријавила дека е силувана, на гинеколог откриле дека се самоповредувала