Скопски „Форд“ заврши во водите на Охридското Езеро

Нема повредени во утрешното излетување на автомобил во водите на Охридското Езеро на влезот во Струга, соопшти полицијата.

Случајот го потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, кој информира дека случајот бил пријавен во 5.30 часот во ОВР Струга.

– Патничко возило „Форд“ управувано од Н.Е.(43) од скопското село Орланци, кое се движело по улицата „Партизанска“ во Струга, излетало од патот и паднало во водите на Охридското Езеро. Повредени лица нема, изјави Димоски.

По извршениот увид возилото е извлечено од екипи на Територијалната противпожарна единица од Струга.

Претходна вестВладата објаснува како се бара работа во Србија или Албанија: Непречен престој од две години, прв чекор е Идентификациски број
Следна вестДвижењето ЗНАМ: Власта турка енергетски закони кои ќе ја оштетат државата за најмалку 1,2 милијарди евра