Темно Режим Светло Режим

Со 25 милиона денари од градот, „Улици и Патишта” ќе го решаваат сообраќајниот хаос со паметен зелен бран

Ќе одговара ли некој за досегашното недомаќинско работење во скопските јавни претпријатија? Ќе одговара ли некој за досегашното недомаќинско работење во скопските јавни претпријатија?

Советот на Град Скопје донесе одлука за обезбедување на 25 милиони денари, наменети за Центарот за управување и контрола на сообраќај на ЈП „Улица и патишта”. Со овие средства се предвидува унапредување на функционирањето на Центарот, редовно одржување на системите за управување со сообраќајот, како и изнаоѓање нови, паметни и современи сообраќајни решенија поврзани со сигнализацијата.

„Наместо застарениот концепт на зелен бран од минатото, воведуваме паметен зелен бран – модерен, адаптивен и иновативен систем кој во реално време ќе го регулира протокот на возила, ќе ги намали гужвите и ќе овозможи побрзо, поефикасно и побезбедно движење низ Скопје, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Ѓоковиќ е во финалето на АО, забележа победа над Синер

Следниот Пост

ССМ најавува блокади, требаше ли пред тоа да се разговара со работодавачите за минималната плата?