Темен режим Режим на светлина

Собранието и кажа „чао“ на Пржинската влада

Собранието денес треба да го избере Гоце Наумовски за нов уставен судија Собранието денес треба да го избере Гоце Наумовски за нов уставен судија

Собранието попладнево донесе одлука со која се укинува моделот на техничка влада, познат и како „пржинска влада“, кој досега се применуваше како гаранција за фер изборни процеси.

Со 70 гласа „за“, 11 „против“ и без воздржани, пратениците го поддржаа законот по скратена постапка. Техничката влада ќе остане во сила само до следните парламентарни избори, по што повеќе нема да се применува.

Моделот беше воведен во 2016 година како дел од политичкиот договор за излез од кризата, со учество на дополнителни министри од опозицијата во 100-те дена пред избори.

Од владејачкото мнозинство порачаа дека времето на технички влади завршило и дека државата мора да функционира без ад хок решенија.

– Да престанеме да ја третираме македонската демократија како пациент на апарати. Техничката влада беше решение за криза во 2015, но денес е надмината – изјави координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. Тој додаде и дека во пракса моделот покажал слабости и политички злоупотреби, наведувајќи примери од претходни изборни циклуси.

Од опозицијата реагираа дека со укинувањето се урива еден од ретките механизми за контрола на изборниот процес. Јованка Тренчевска од СДСМ порача дека одлуката е донесена без пошироки консултации.
– Техничката влада е минимална гаранција за фер избори. Наместо реформа, гледаме укинување без дијалог – рече таа.

Седницата беше проследена со паузи и процедурални барања, а дел од опозицијата инсистираше на дополнителни собраниски расправи и консензус меѓу политичките партии.

ДУИ побара законот да се разгледа со Бадентерово мнозинство, но тоа не беше прифатено.Претседавачот на седницата, Антонијо Милошоски, посочи дека законот претходно бил носен без квалификувано мнозинство и дека се следи постојната пракса.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Целосна реконструкција на пешачките патеки и нови зелени коридори во Скопје

Целосна реконструкција на пешачките патеки и нови зелени коридори во Скопје

Следна објава
Општина Битола: Во тек асфалтирање на патот кон црквата во Ротино

Општина Битола: Во тек асфалтирање на патот кон црквата во Ротино