Правникот Адем Чучуљ ќе биде предложен од страна на Комисијата за прашања на изборите и именувањата до законодавниот дом за нов претседател на Државната комисија за спречување корупција.
Нему Комисијата за селекција на кандидатите за претседател на Антикорупциската комисија му додели највисоки оценки.
Тој во моментов ја извршува функцијата генерален секретар на ДКСК, каде што е вработен 19 години.
Пленарната седница на која треба да се гласа за оваа предлог-одлука ќе се одржи на почетокот на декември.
Антикорупциската комисија ќе добие нов претседател на местото на Татјана Димитровска, која поднесе оставка откако беше обвинета во случајот „Адитив” за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



