Темен режим Режим на светлина

Од концертот во КИЦ завршила во болница, и паднала решетка од вентилацијата врз глава

Скопјанка од концерт во Културно информативниот центар во Скопје завршила вчера во болница. И паднала на глава решетка од вентилација која била монтирана на таванот.

Од МВР информираа дека од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје е пријавено дека кај нив била донесена 46-годишна скопјанка, која се здобила со телесна повреда околу 22:00 часот за време на концерт во КИЦ, кога врз неа од таванот паднала решетка од вентилација.

Од полицијата преземаат мерки за расчистување на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Голема акција во тек: Објекти во Струмица и поранешен „Охис“ под контрола на полицијата

Тешко повредена 46-годишна жена, во која удрило возило на крстосница

Следна објава

Силекс ја совлада Македонија ЃП