Темен режим Режим на светлина

Сомнеж за труење со храна во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром

Повеќе ученици од прво до четврто одделение утринава биле пријавени со симптоми дијареа, повраќање и болки во основното училиште во скопски Аеродром „Ѓоргија Пулевски“. Сите ученици кои имале труење се хранат во училишната кујна .

За состојбата родителите ги известиле директорот и наставниците, по што превентивно е затворена кујната во училиштето и денеска не се служи топол оброк. За ова добиле известување и сите надлежни инситуции, кои допрва треба да утврдат дали причината за труењето на дечињата е храната од кујнатра во училиштето.

Ова го потврди и Државен санитарен и здравствен инспекторат.

-Денеска Државен санитарен и здравствен инспекторат по телефонски пат е известен од страна на раководителот на одделението за епидемиологија од ЈЗУ ЦЈЗ Скопје дека имаат сознанија за појава на стомачни тегоби кај повеќе ученици од ООУ Ѓорѓија Пулевски – Скопје за кои постои сомнеж дека станува збор за труење со храна.

-Известени сме дека епидемиолозите направиле контакт УЗЈ УК за инфективни болести и фебрилна состојба и УЗЈ УК за детски болести но во овие здраствени установи не се јавиле на преглед ученици од наведените училишта со стомачни тегоби. Одделението за епидемиологија известено е од матичен лекар дека три деца- ученици во тоа училиште дека веќе се јавиле на преглед и ќе бидат доставени пријави за заразно заболување, стои во соопштението од ДЗСИ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

ДУИ: Погрешните политики ни ја одземаат европската иднина

Следна објава

САЛА „ПАРТИЗАН“ ВО ЧАИР ЌЕ СЕ ВРАТИ ВО ФУНКЦИЈА Министерот Борко Ристовски изврши увид и најави проект за санација