Темен режим Режим на светлина

Сончево и топло време денес, викендот носи промена

Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно сончево и релативно топло за овој период од годината, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а максималната дневна температура ќе достигне и до 20 степени Целзиусови.

Утринските температури ќе се движат во интервал од околу минус четири до еден степен, додека во текот на денот постепено ќе се зголемуваат и ќе се движат меѓу 14 и 20 степени.

Во главниот град Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до околу нула степени, а дневната ќе достигне до 19 степени.

Стабилното и тивко време ќе се задржи до крајот на работната недела, со постепен пораст на дневните температури. Сепак, метеоролозите најавуваат промена на временските услови за време на викендот, кога се очекува посвежо време со услови за повремени врнежи од дожд во повеќе делови од земјата.

Според прогнозите, овие врнежи нема да бидат обилни, но ќе донесат краткотрајно освежување по неколкуте сончеви и топли денови во текот на неделата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Конфликтот на Блискиот Исток повторно ја отвора заканата од енергетска криза

Вашингтон со нов потег за стабилизирање на енергетските пазари

Следна објава
Прекин на електрична енергија во Кисела Вода поради технички зафати

Прекин на електрична енергија во Кисела Вода поради технички зафати