Изборниот ден почна со сонце. Метеоролозите најавуваат дека времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со локална појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а во западните делови од Македонија од западен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степени. УВ=9
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и постепен пораст на дневната температура.