Темен режим Режим на светлина

Сообраќајка во кумановско, Украинец тешко повреден

Украинец со привремен престој во Скопје со мотоцикл хонда излетал од коловозот. Несреќата се случила на регионалниот пат Свети Николе-Куманово.

– Вчера во 13.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Свети Николе-Куманово, атар на с.Кшање, кумановско, О.О.(51) од Украина, со привремен престој во Скопје, управувајќи мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Куманово, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Бабовски: Нема тешки метали во доматите и краставиците, некој помешал микро и милиграми

Следна објава
Блокиран патот Куманово – Крива Паланка по сообраќајка

Возило излетало на автопатот Гостивар-Тетово, повредени три лица