Темен режим Режим на светлина

Сопругата на грчкиот премиер закрепнува по операција на двете раце

Сопругата на грчкиот премиер закрепнува по операција на двете раце Сопругата на грчкиот премиер закрепнува по операција на двете раце

Марева Грабовски Мицотакис доживеала несреќа во саботата за време на престој во Италија, каде што била заедно со својот сопруг, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Според информациите, сопругата на премиерот ги повредила двете раце, по што била пренесена во болницата КАТ, каде што била извршена хируршка интервенција.

Киријакос Мицотакис бил покрај неа во болницата, а претходно двајцата присуствувале на церемонијата на отворање на Зимските олимписки игри во Милано.

Операцијата на двете раце ја извршил Емануил Фандридис, директор во Националниот здравствен систем на Општата болница Атика КАТ и раководител на Клиниката за раце и микрохирургија на горните екстремитети.

Според лекарите, Марева Грабовски Мицотакис е во стабилна здравствена состојба и се опоравува во болница.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Македонската тенисерка се искачи 12 места на ВТА-ранг-листата

Македонската тенисерка се искачи 12 места на ВТА-ранг-листата

Следна објава
Српските сообраќајци ќе прават засилени контроли на автобусите и камионите неделава

Српските сообраќајци ќе прават засилени контроли на автобусите и камионите неделава