Темно Режим Светло Режим

Советниците на Левица во Аеродром и Кисела Вода со предлог иницијативи за цементарницата „Титан Усје“

Советниците на Левица во Аеродром и Кисела Вода со предлог иницијативи за цементарницата „Титан Усје“ Советниците на Левица во Аеродром и Кисела Вода со предлог иницијативи за цементарницата „Титан Усје“

Советниците од Левица во Општина Аеродром поднесоа резолуција со предлог-заклучоци за, како што велат, итно справување со енормното и долготрајно загадување на воздухот предизвикано од цементарницата „Титан Усје“, кое најсилно ги погодува жителите на оваа општина.

Од Левица информираат дека резолуцијата е насочена кон преземање конкретни мерки за заштита на јавното здравје и животната средина, додека паралелно советниците на партијата во Општина Кисела Вода поднеле иницијатива за транспарентно и континуирано информирање на граѓаните за квалитетот на воздухот.

Со документот доставен до Советот на Општина Аеродром, Левица бара мерната станица во Усје да започне со непрекинато 24-часовно мерење на загадувањето и јавно прикажување на податоците во реално време, интегрирани во сите јавни апликации за квалитет на воздухот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Општините Кисела Вода и Сопиште заедно го чистат теренот во областа Теферич

Општините Кисела Вода и Сопиште заедно го чистат теренот во областа Теферич

Следниот Пост
Општина Илинден инвестира во квалитетно образование

Општина Илинден инвестира во квалитетно образование