Темен режим Режим на светлина

Стаменкова: Партнерствата носат одржлив развој

Стаменкова: Партнерствата носат одржлив развој Стаменкова: Партнерствата носат одржлив развој

Градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, учествуваше на консултативен настан посветен на унапредување на меѓуопштинската соработка, во организација на Министерство за локална самоуправа и УНДП.

На настанот присуствуваа градоначалници, претставници од институции и меѓународни партнери, при што беа отворени прашања за подобрување на соработката меѓу општините, поефикасно користење на ресурсите и креирање поквалитетни услуги за граѓаните.

Преку размена на искуства и добри практики, беше нагласено дека заедничкиот пристап е клучен за надминување на локалните предизвици, особено кај помалите општини, каде здружувањето на капацитетите носи поодржливи резултати.

Од Општина Македонска Каменица посочуваат дека остануваат посветени на транспарентност, инклузивност и градење партнерства кои имаат директна корист за граѓаните.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Обвинение во Шведска: Маж осомничен за тешка злоупотреба на сопругата

Обвинение во Шведска: Маж осомничен за тешка злоупотреба на сопругата

Следна објава
(Видео) Како ќе изгледа реконструираниот Охридски аеродром?

Владата со реконструкцијата на аеродромот го крева Охрид повисоко на туристичката мапа, останува и градоначалникот да засука ракави