Темно Режим Светло Режим

Стартува летен сообраќаен режим за движење на камиони

ЕУ менува став ако наиде на здружен и решителен отпор, го покажаа тоа македонските превозници ЕУ менува став ако наиде на здружен и решителен отпор, го покажаа тоа македонските превозници

На државните патишта во Македонија воведен е летен времен режим на сообраќај, кој ќе важи до 31 август. Со него се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Термините се следни:

– петок од 17:00 – 22:00 часот,

– сабота од 09:00 до 18:00 часот и

– недела од 09:00 до 22:00 часот.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:

– петок од 15:00 – 22:00 часот,

– сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и

– недела од 07:00 до 22:00 часот.

Претходниот Пост

Димитриевски: Ќе ја напуштиме владата ако Меџити повторно свика координација со албанско знаме

Следниот Пост

Врховниот суд на САД пресуди дека Трамп има „одреден имунитет“ за службени дејствија